„Мајкрософт“ преку новиот Офис 365 ги откри поволностите на апликацијата OneNote, со чие инсталирање на мобилната апликација Office Lens едноставно овозможува пристап до мини професионален скенер на дофат во џебот.
Со фотографирање било кој важен документ, Office Lens ја прочистува “скенираната” фотографија од документот и ја преработува да изгледа како професионален документ кој може да се разгледува, споделува па дури и едитира преку мобилниот уред кој секој го носи со себе.
Со ова се заштедува на време, па наместо да барате скенер, кој најчесто го имаме во нашите канцеларии, сега скенерот ќе биде постојано со вас.
Сепак, апликацијата Office Lens нуди и многу нови можности кои и тоа како ќе го поедностават нашиот живот. Имено, постои можност постојано да сте во контакт со своите најблиски дури и додека сте во движење на состаноци или пак на работа, праќајќи им фотографирани потсетници зачувани во OneNote кои сте ги запишале откако ви текнало за сè она кое што треба да се купи за домашната залиха на производи, без разлика дали се работи за млеко, хемикалии за чистење, или пак намирници за роденденската торта која треба да се приготви дента после работа за роденденот на баба. Најважно од сè: забавно е, практично, а вашите деца ќе ве гледаат како кул родител кој ги следи најновите трендови во светот на технологијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


