Бранителот на европската титула од претходното Европско првенство, репрезентацијата на Шпанија денеска ги започна натреварите во групата Д на првенството во Франција и со минимални 1-0 славеше над Чешка.
Иако имаа целосна надмоќ над противникот избраниците на Висенте дел Боске се намачија да стигнат до победата во првото коло. Поседот на топката од преку 70 проценти во текот на целиот меч не вроди со плод во раната фаза за постигнување на погодок. Играчот на Јувентус Алваро Мората во првото полувреме пропушти две изгледни шанси да го совлада Петр Чех на голот на Чешка, но искусниот голман успешно интервенрираше.
Нилито очигледно беше премногу импресиониран од шансата да заигра во првите 11 фудбалери на „црвена фурија“ пропушти уште една прилика во првото полувреме.
Пропуштените шанси од првиот дел го зголемија притисокот на Шпанците во вторите 45 минути. Сепак тоа не ги поколеба Росицки и другарите кои можеа први да поведат во 57 минута. Во центарот на вниманието се најде Хубник кој центаршутот од десната страна лошо го зафати и тоа беше лесен плен за Де Геа.
Целосната доминација на Шпанија во последните 20 минути откако Нолито, Адуриз, Алкантара ги пропуштија своите шанси, вроди со плод во 87 минута, а џокер беше Жерар Пике кој успеа да искористи една нафрлена топка на Иниеста и од непосредна близина со глава да го совлада Чех.
Во судиксото продолжение Чешка имаше иделна шанса да израмни, но Де Геа беше на висина на задачата и умешно ја избоксува топката во поле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.