| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на збирката „Со ветрот под рака“ од Долорес Атанасова-Лори

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје со големо задоволство ја најавува промоцијата на новата поетска збирка на Долорес Атанасова-Лори, Со ветрот под рака, која ќе се одржи на 14 јуни 2016 година во фоајето на кино „Фросина“ при МКЦ, со почеток во 20.30 часот. Промотор на делото ќе биде Митко Гогов, а стихови од збирката ќе читаат Верица Недеска-Трајкова,Тања Сладиновска и Верица Андреевска-Спасовиќ. Промоцијата ќе биде збогатена со музичкиот настап на групата Старовски проект.

Со ветрот под рака е втората поетска збирка на Д.А. Лори и се состои два поетски циклуса, од кои вториот претставува сиџо-поезија или, со зборовите на авторката, „твитер-поезија од XIII век, па наваму“.

-Д.А. Лори ни нуди таков жар додека читаме што забораваме дека внатрешното устројство е исполнето со интимен порив. Соживувањето со поетскиот глас е неизбежно, стилската изведба со жестокост, но и со доза избалансирана, умерена итрост си поигрува со архетипите што ни се досега (не)познати, симболичност што плови на моменти во мирно море, а на моменти нè фрла во вакуумот помеѓу карпата и бранот што удира во неа. Чувството да се има новата книга на Д.А. Лори, Со ветрот под рака, во свои раце пред другите и да знаеш дека таа создала едно дело што ќе остане врежано во историјата на современата македонска поетика е уникатно, прекрасно, во најмала рака ветровито, пишува во рецензијата кон книгата поетот Митко Гогов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top