| четврток, 6 декември 2018 |

Победа за Македонија: Одбојкарите се враќаат од Бугарија како херои

Македонската одбојкарска репрезентација вечерва во Варна со 3-1 ја совлада домашната селекција на Бугарија и со максимални три победи го заврши првиот од двата турнира од годинашното издание на Европската лига.

Уште во првиот сет имаше огромна борба, а нашите одбојкари на крај го добија со 31:29. Бугарите изедначија во вториот сет кој го добија со 25:15, но третиот и четвртиот им припаднаа на македонските одбојкари, и двата ги добија со 25:21.

odbojka-makedonija-bugarija

Селекторот Жарко Ристоски по мечот со Бугарија беше презадоволен од играта на избраниците и од резултатите во лигата.

odbijka reprezentacija ristovski

Ова победа е за цела Македонија. Победа која ширум ни ги отвара вратите за пласман на завршниот Ф4 турнир. Репрезентативците го дадоа својот последен атом од својата енергија за да ја израдуваат македонската јавност. Тие беа, се и ќе бидат наши херои“, изјави тој за Гол.мк.

Претходно Македонија ги совлада Албанија и Данска и се наоѓа на добар пат да обезбеди пласман на завршниот фајнал-фор турнир.

Следниот викенд истите четири репрезентации ќе играат турнир во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top