Македонската одбојкарска репрезентација вечерва во Варна со 3-1 ја совлада домашната селекција на Бугарија и со максимални три победи го заврши првиот од двата турнира од годинашното издание на Европската лига.
Уште во првиот сет имаше огромна борба, а нашите одбојкари на крај го добија со 31:29. Бугарите изедначија во вториот сет кој го добија со 25:15, но третиот и четвртиот им припаднаа на македонските одбојкари, и двата ги добија со 25:21.
Селекторот Жарко Ристоски по мечот со Бугарија беше презадоволен од играта на избраниците и од резултатите во лигата.
–Ова победа е за цела Македонија. Победа која ширум ни ги отвара вратите за пласман на завршниот Ф4 турнир. Репрезентативците го дадоа својот последен атом од својата енергија за да ја израдуваат македонската јавност. Тие беа, се и ќе бидат наши херои“, изјави тој за Гол.мк.
Претходно Македонија ги совлада Албанија и Данска и се наоѓа на добар пат да обезбеди пласман на завршниот фајнал-фор турнир.
Следниот викенд истите четири репрезентации ќе играат турнир во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Спартанецот“ Ѓорѓиев: Мора да бидеме искрени, не напредувавме доволно за да бидеме „златни“
-
Шеста победа на нашите одбојкари – Македонија ја совлада Албанија во Тирана
-
Совладана и Бугарија, нашите одбојкари без пораз патуваат на фајнал-фор турнирот
-
Нова победа на нашите одбојкари, одиме во фајнал-фор