| четврток, 6 декември 2018 |

Совладана и Бугарија, нашите одбојкари без пораз патуваат на фајнал-фор турнирот

odbojka-mkd-bug-slavje

По извонредното издание на турнирот во Варна, нашите одбојкари со исто темпо продолжија и во Скопје. Македонската одбојкарска репрезентација со триумф над Бугарија од 3-1 го заврши вториот турнир во Европската лига што се одигра во СЦ „Борис Трајковски“.

Во рамките на третото коло од групата Е, нашата селекција не го почна најдобро вечерашниот натпревар, првиот сет го загубивме со 25-18, но направи пресврт и наредните три сета ги доби со 25-21, 25-23 и 27-25.

По двата турнира во групата А, Македонија заврши на првата позиција со 16 бодови пред Бугарија со 11. Данска е трета со осум бодови, по триумфот од 3-0 над Албанија, која заврши последна, четврта со еден бод.

На фајнал-фор турнирот во Варна, нашите одбојкари најверојатно во полуфиналето ќе играат против селекцијата на Австрија, а другата двојка ќе ја сочинуваат Бугарија и Естонија.

Фајнал-фор турнирот во Варна ќе се одигра на 1. и 2. јули.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top