| четврток, 6 декември 2018 |

Шеста победа на нашите одбојкари – Македонија ја совлада Албанија во Тирана

Со максимален ефект и шест победи, одбојкарите на Македонија ќе патуваат на Ф4 турнирот од Европската лига во Данска.  Вечерва Македонија во пет сета славеше над Албанија во Тирна која беше шеста победа во исто толку меча.

Нашиот западен сосед денска пружи голем отпор, па Македонија победи дури по тај-брејк.

Првиот сет ни припадна со 25-21, но потоа домаќинот возврати во вториот сет и го доби со 25-17. Третиот сет Македонија го реши во своја корист со идентични 25-21, но Албанија одново се врати во четвртиот сет, и со пресверт го доби со 25-23.

Тај-брејкот им припадна на „Црвено-жолтите“ со 15-10, па Македонија ќе биде единствена со максимален ефект на Ф4 турнирот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top