Македонија одигра лошо прво полувреме против Германија и пред продолжението од натпреварот губиме со 9 – 13, во премиерното осминафинале на светското ракометно првенство во Шпанија. Долгото патешествие до Барселона со воз си го зеде данокот, па одигравме под можностите. Бевме бавни и дезорганизирани во нападот, без препознатливата цврстина во одбраната, па Германците лесно не казнуваа. Сепак надеж за пресврт и победа за пласман во четвртфиналето ни дава финишот од првото полувреме кога одигравме подобро и ја стопивме негативата од 5-11. Голманот Ристовски се разбрани и тој не одржуваше во каков таков ритам, да не ја загубиме шансата за победа уште по првиот дел. Најдобар показател за скромниот учинок на македонскиите ракометари е реализацијата од девет метри со скромни 3 погодоци од 14 обиди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


