Шведскиот моден гигант Ејч енд Ем (H&M) планира да отвори 50 нови продавници во Индија, со што влегува на локалниот пазар, објави владата во Њу Делхи во соопштение.
Компанијата е втор шведски малопродажен синџир, кој манифестира желба да влезе во Индија, откако владата лани објави дека ќе го олесни бизнисот за странските компании во земјата.
Ејч енд Ем – еден од водечките светски дистрибутери на облека, инвестира 100 милиони евра. Модниот гигант ќе отвори 50 продавници, посочи Владата во соопштението.
Сепак во седиштето на компанијата во Стокхолм компанија не соопштуваат детали за зделката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.