| четврток, 6 декември 2018 |

Пингвин, коала и петел како замена за октоподот Пол во прогнозирањето на ЕП

Пингвинот Флоке, коалата Оби Оби и петелот Зизу ќе имаат задача да ги “прогнозираат” победниците на натпреварите за време на Европското првенство во Франција.

Пингвинот Флоке е од германскиот град Либенау и, како што известуваат тамошните медиуми, извесен период тренира типување при што веќе имаше и неколку јавни настапи. Првата прогноза ја даде за натпреварот меѓу Германија и Украина и како фаворит го одбра бундестимот.

Коалата Оби Оби е од Лајпциг, таа уште немала прогноза, но тоа ќе го направи пред мечот меѓу Германија и Украина кој се игра в недела. За разлика од нив, петелот Зизу е од Франција и тој уште денеска ќе биде на задача. Во текот на денот треба да го прогнозира натпреварот меѓу Франција и Романија со кој почнува Европското првенство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top