Бразилски рибар пронашол пингвин во критична состојба. Покриен со масло,и залепен за карпа. Добриот човек го избањал и нахранил и очекувал дека животното ќе оздрави и отиде во потрага по своето семејство.
Пингвинот го добил името Диндим и одбивал да си замине од својот нов пријател. Останал полни осум месеци, а потоа едноставно исчезнал. Човекот кој го спасил и негувал бил тажен, но знаел дека така мора да биде.
Она што не го очекувал е дека Диндим некогаш ќе се врати. Но, малечкиот пингвин знаел дека мора да го посети својот спасител и последните години секоја година го посетува и некое време минува со него.
Диндим доаѓа кога ќе посака и исто така си заминува. Ова пријателство е навистина прекрасно и неверојатно а дури и научниците ги оставил изненадени бидејќи Диндим препливува повеќе од 8.000 километри за да се сретне со пријателот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.