| четврток, 6 декември 2018 |

Тест од 60 секунди, ви треба само лажичка: Дали се болни внатрешните органи?

lazica

Сѐ што ви треба е лажичка и најлон кеса, а на овој начин можете да проврите дали е се во ред со вашиот респираторен систем, цревата, хормоните, метаболизмот, бубрезите или забите.

Единствено што треба да направите е со лажичката да изгребете малку наслаги од површината на јазикот. Кога ќе го правите тоа, трудете се наслагите да бидат поблиску од кај грлото.

После тоа, замотајте ја лажичката во најлон кеса и оставете да одстои 60 секунди под силна светлина на светилка. Светлината од светилката помага во развојот на бактериите, затоа колку што е послина светлината толку резултатот е по видлив.

Кај здрав човек наслагите ќе бидат чисти. Меѓутоа ако ги има многу, тие се со чудна боја и непријатен мирис, а тоа може да биде ран знак за проблеми со белите дробови или дишните патишта, црниот дроб, бубрезите или хормоните.

Доколку сте добиле резултат со чудна боја и непријатен мирис, најдобро е да го посетите докторот и да испитате за каков здравствен проблем се работи. Овој тест помага и во откривање на тоа дека имате непријатен здив, на што многу често луѓето не се свесни.

Доколку е во прашање некој овошен мирис, тоа може да укажува на кетоацидоза, односно на нарушување на метаболизмот, кој може да предизвика и развој на дијабетес. Ако почувствувате непријатен мирис што потсетува на амонијак, можно е да имате проблеми со бубрезите.

Сепак не паничите веднаш, непријатниот мирис не мора секогаш да биде знак за некоја болес. Всушност, најчесто се работи за проблеми со крајниците или непцата, како и кариес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top