| четврток, 6 декември 2018 |

Вучиќ: Денеска нема Влада

vucic vlada

Лидерот на Српската напредна партија и мандатар за состав на нова влада, Александар Вучиќ, по средбите со партиите изјави дека е задоволен од фактот дека можел со сите да разговара, но денеска нема состав на владата.

-Прво разговарав со Дачиќ, тоа беа отворени разговори за целите кои ни се поистоветуваат и договоривме продолжување. Со Шешељ имавме отворен и пријатен разговор, тој посочи дека е подготвен за соработка доколку би се откажале од ЕУ, но јас му реков дека тоа е една од главните точки на владата- посочи Вучиќ кој додаде дека „состанокот со претставниците од листата на ДЈБ не би ја коментирал“.

-Нека зборува Радуловиќ, нека плаче, кука, нека се жалил. В лице им ја соопштив вистината. Не сум фасциниран од медиумските притисоци, но јас на сите им ја кажувам вистината во лице. радуловиќ не сакаше да разговара за ништо, дојде, стави некои работи на маса… Му реков дека е невоспитан и уште некои работи, но сега не сакам за тоа. Излета многу бргу. Што се однесува до него, доби лекција- објасни српскиот мандатар, кој додава дека разговарал и со Ненад Чанак, со ЛДП, како и со Двери и дека консултациите со партиите на малцинствата ќе продолжат утре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top