Четириесет и осумгодишниот Ристе Алексиески од Охрид пред четири дена, на 3 јуни замина да собира печурки и не се врати дома.
Семејството е загрижено и бара било каква информација од сите кои го виделе, пренесува „Охрид нет“.
Алексиески е висок околу 170 см, тежок околу 65 кг. Облечен во потемна облека (црни/тегет тренерки, темна маица/ блуза) и темна капа на главата. На главата има забележителна голема рана од неодамнешна операција. Излегол од дома околу 11/12 часот и се упатил на автопатот Охрид-Скопје поточно од Мешеишта кон село Климештани. Последно е виден во 12 30 часот на пладне помеѓу двете села по автопатот.
Семејството апелира доколку некој возач на камион или автобус го забележал на патот или можеби го пренесол кон Дебрца да се јави и да им даде информација.
Контакт: 075 229 740 / 072 768 562 / 076 777 390
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.