| четврток, 6 декември 2018 |

Семејството Алексиески моли за помош – сте го виделе ли Ристе? (ФОТО)

Riste-Aleksieski-(2)

Четириесет и осумгодишниот Ристе Алексиески од Охрид пред четири дена, на 3 јуни замина да собира печурки и не се врати дома.

Семејството е загрижено и бара било каква информација од сите кои го виделе, пренесува „Охрид нет“.

Riste-Aleksieski-(1)

Алексиески е висок околу 170 см, тежок околу 65 кг. Облечен во потемна облека (црни/тегет тренерки, темна маица/ блуза) и темна капа на главата. На главата има забележителна голема рана од неодамнешна операција. Излегол од дома околу 11/12 часот и се упатил на автопатот Охрид-Скопје поточно од Мешеишта кон село Климештани. Последно е виден во 12 30 часот на пладне помеѓу двете села по автопатот.

Riste-Aleksieski-(3)
Семејството апелира доколку некој возач на камион или автобус го забележал на патот или можеби го пренесол кон Дебрца да се јави и да им даде информација.
Контакт: 075 229 740 / 072 768 562 / 076 777 390

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top