| четврток, 6 декември 2018 |

Она што Њујорк го направи за 150 години, на Дубаи му успеа за 10

Метрополата на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Дубаи, последните 10 години имаше огромен напредок во многу полиња. Стручњаците истакнуваат дека Дубаи за само 10 години го постигнал она што Њујорк го постигна за 150 години. Овој арапски град стана многу сигурен за живеење, за разлика од Лондон и од други метрополи на Запад, објавија американските медиуми.

дубаи

Дубаи се подготува на најдобар можен начин да биде домаќин на светската изложба „Експо 2020“ и веќе се зборува дека тоа може да биде културен настан кој не бил виден досега. Дубаи се развива со брзина на светлината и многумина тврдат дека она што главниот град на ОАЕ го постигнал за 10 години, на Њујорк нема да му успее ни во следните еден и пол век. Сите туристи што го посетиле Дубаи потврдиле дека во овој град се чувстуваат многу посигурно, за разлика од другите европски метрополи. Многумина од нив потврдиле дека пред да дојдат во Дубаи, имале сосема спротивни и погрешни информации за оваа метропола.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top