| четврток, 6 декември 2018 |

Кјелце го кани Металург на нов меч во септември

Кјелце ќе игра на завршниот турнир во Келн во ракометната Лига на шампионите на 1 и 2 јуни, а за септември планира нова, петта средба годинава со Металург. Полјаците во тој период традицонално организираат турнир со учество на 4 екипи, а понудата веќе стигна на адреса на македонскиот првак. И лани требаше Металург да им биде гостин, со оглед на одличните односи на двата клуба, но скопјани имаа поинакви планови. Годинава, веројатно, ќе ја прифатат понудата и пак ќе гостуваат во Кјлеце. Домаќините се надеваат дека ќе учествува и германски Фленсбург, а последниот тим што би играл веројатно ќе биде Висла Плок.

– Ни понудија да играме на нивниот турнир во септември што традиционално им е со добри екипи. Можеме веднаш потоа да одиграме и пријателски меч со Висла Плок, што би дошол по одигрувањето на турнирот. Ако ни се вклопат плановите, веројатно ќе прифатиме гостување во Полска – вели генералниот секретар на Металург, Зоран Цветановски.

metalurg-kielce-5

Сезонава двете екипи одиграа четири натпревари во рамките на Лигата на шампионите и сите ги доби Кјелце. Првите три беа неизвесни со мала разлика во голови, а најубедливи Полјаците беа на последниот дуел, вчера што го добија со 26-15.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top