Енди Мареј како врвен спортист, но и добар пријател, му честиташе на Новак Ѓоковиќ за извонредниот успех и за триумфот на Ролан Гарос. Воедно, Британецот порача дека очекува да му се реваншира на прворангираниот светски тенисер на претстојното издание на Вимблдон доколку се случи тие да се сретнат во големото финале од овој гранслем турнир.
– Она што Новак го оствари со триумфот во Париз е навистина неверојатно, тој ја заслужува поддршката што ја имаше во финалето. Сепак, се надевам дека ќе му се реванширам на Вимблдон, каде што сигурно и ситуацијата на трибините ќе биде поинаква. Се имаме сретнато двапати на тревната подлога и двапати го победив, ќе се обидам да продолжам во ист стил и доколку се сретнеме во Лондон годинава. Имав огромен напредок на играта на земја, сега ми останува да играм уште подобро на трева, подлога што дефинитивно многу повеќе ми одговара. Ќе извлечам поуки од овој пораз и доколку се сретнеме на Вимблдон, сигурно ќе поправам голем дел од грешките – порача Мареј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.