| четврток, 6 декември 2018 |

Чешка ослабена, ну Јиха ни Хора- нема да играат против Македонија

filip jiha

Најдобриот чешки ракометар, Филип Јиха, дефинитивно нема да и биде од помош на својата репрезентација за претстојниот бараж двомеч со Македонија за пласман на СП 2017. Селекторскиот двоец на клупата на Чешка, Даниел Кубеш и Јан Филип, го објавија списокот од 18 ракометари на кои ќе сметаат во баржот. Покрај Јиха, во составот на Чешка ќе го нема ни вториот бек,Павел Хорак.

Филип Јиха последен пат за репрезентацијата на Чешка настапи во номеври минатата година на мечот против Белгија во првата фаза од квалификациите за СП 2017. Бекот на Барселона имаше проблеми со повредата на коленото, а на полусезоната имаше и операција на препоните.

– Филип се уште има проблеми со коленото и за жал не ќе може да ни помогне – потврди менаџерот на чешката репрезентација, Карел Ночар.

Со слични проблеми се соочува и другиот чешки бек, Павел Хорак, кој исто така има повреда на коленото.

– Павел се опоравува од повредата на коленото, бидејќи не игра во својот клуб во Ерлаген, не може да игра ни за репрезентацијата на овие два натпревари против Македонија. Се уште не е фит за да биде во составот – истакна Ночар на прес-конференцијата на чешката репрезентацијата пред баражот со Македонија.

Чесите од утре почнуваат со завршните подготовки за дуелите со Македонија, на 11 јуни во Злин и на 15 јуни во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top