| четврток, 6 декември 2018 |

Шест лица ранети во пукање врз чешки автобус во Франција

Шест лица се ранети во чешки автобус во неделата на пропатување низ Франција кога автобусот паднал под дожд од куршуми, соопшти францускиот јавен обвинител, објави „Макфакс“.

Автобусот патувал од Шпанија за Чешка. Инцидентот се случил на автопат во близина на Дроме, во југозападна Франција. Автобусот превезувал 75 луѓе, вклучително и деца на училишна возраст.

Обвинителот Алекс Перен изјави за телевизијата BMFTV дека повредените се здобиле со рани од парчињата прозорски стакла.

-Пет патници се здобиле со полесни повреди, додека шестиот, 54-годишна жена е потешко повредена, рече обвинителот.

Мотивот за пукањето врз автобусот засега не се познати. Според прелиминарните сознанија, наводно пукано е од ловечка пушка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top