| четврток, 6 декември 2018 |

Роси ги „искрши“ Шпанците на „Каталуња“, седма победа за докторот

valentino rosi

Италијанскиот мотоциклист Валентино Роси направи голем подвиг на денешната трка во Каталуња и по пауза од седум години ја освои седмата титула во Шпанија.

Легендарниот возач на Јамаха популарниот Доктор успеа да ги претекне четворицата Шпанци кои трката ја започнаа од првиот ред. Марк Маркез уште од стартот не можеше да развие соодветна брзина, а ситните грешки во последната третина од трката го чинеа победа. На три круга пред крајот Шпанецот го презема и водството накратко, но ветеранот во кралската класа на мотоциклизмот му дозволи да води само неколку свиоци. Маркез ја заврши трката на втората позиција, подиумот го дополни Дани Педроса.

Јамаха, повторно, имаше половичен успех. Валентино Роси освои 25 бодови, додека неговиот тимски колега ја заврши трката предвреме. Андреа Јаноне немаше доволно простор за да го претекне Хорхе Лоренцо, па ризикот да се обиде да помине од внатрешната страна резултираше со излетување од патеката. Алеиш Еспагаро имаше проблеми со гумите па финишот на трката го проследи од гаражата.

Маверик Вињалес се бореше за место на подиумот, но контактот со Лоренцо не му дозволи да се врати во ритам и да продолжи со борбата. Во зоната за бодови завршија и Пол Еспагаро, Крачлоу, Довициозо, Петручи, Барбера и Баутиста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top