| четврток, 6 декември 2018 |

Новата манипулација и промашување на Жерновски ги разгневи младите

настап

Голем број млади луѓе револтирани преку социјалните мрежи реагираат на новата манипулација на градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски. Имено, и покрај тоа што беше спектакуларно најавуван настапот на познатиот американски диџеј и продуцент Стив Аоки кој требаше да се одржи вчера вечерта на улица „Македонија“, се откажа.

-Ова ли е професионалец и топ 10 ДЈ ? Ако си професионалец тогаш завршуваш настап и покажуваш почит кон тие што киснеа 3 сааати. Општина Центар и вас да ви е срам, вака ги почитувате луѓето.

-Катастрофа. Никаква организација.

-Два саати киснат луѓе и го чекаат Steve Aoki, преврнува и го откажуваат концертот за друг датум…каква брука од настан. Само во Македонија е можно вакво нешто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top