„Етихат ервејз“ нуди повратна авио-карта од Лондон до Мелбурн за 70.500 евра! Тоа подразбира престој во пентхаус на небо, апартманот „The residence“ во најголемиот патнички авион на светот.
Нејзината цена ј надмина досега највисоката цена за авио-билет на релацијата Њујорк-Мумбаи која изнесуваше околу 66.630 евра.
На купувачите на оваа карта на располгаање им е трособен апартман во „ербас A380-800“. Апартманот има вкупна површина од 12 метри квадратни, се наоѓа на горната страна од авионот A380 и може да прими едно или две лица.
Дневниот престој има 32-инчен ЛЦД телевизор, кожна гарнитура и трпезарија со две столици. Ве служи батлер а може да пробате оброци кои ги подготвуваат врвни готвачи во авионот.
Од ходникот се влегува во спална соба во која има голем брачен кревет со италијанска постелнина, а на ѕидот е фиксиран 27-инчен ЛЦД телевизор.
Исто така на располагање имате и бања со туш огледало за шминкање и фен за коса.
Трошоците за авионаката карта го вклучуваат и луксузниот превоз до аеродромот, приватно пријавување на летот (чекирање на картата) пристап до приватниот салон и лица задолжени за багажот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)