| четврток, 6 декември 2018 |

Најскапата авио-карта чини 70.500 евра: Еве што ќе добиете за тие пари (видео)

etihad-foto-youtube-1464981033-921653

„Етихат ервејз“ нуди повратна авио-карта од Лондон до Мелбурн за 70.500 евра! Тоа подразбира престој во пентхаус на небо, апартманот „The residence“ во најголемиот патнички авион на светот.

Нејзината цена ј надмина досега највисоката цена за авио-билет на релацијата Њујорк-Мумбаи која изнесуваше околу 66.630 евра.

На купувачите на оваа карта на располгаање им е трособен апартман во „ербас A380-800“. Апартманот има вкупна површина од 12 метри квадратни, се наоѓа на горната страна од авионот A380 и може да прими едно или две лица.

Дневниот престој има 32-инчен ЛЦД телевизор, кожна гарнитура и трпезарија со две столици. Ве служи батлер а може да пробате оброци кои ги подготвуваат врвни готвачи во авионот.

Од ходникот се влегува во спална соба во која има голем брачен кревет со италијанска постелнина, а на ѕидот е фиксиран 27-инчен ЛЦД телевизор.

Исто така на располагање имате и бања со туш огледало за шминкање и фен за коса.

Трошоците за авионаката карта го вклучуваат и луксузниот превоз до аеродромот, приватно пријавување на летот (чекирање на картата) пристап до приватниот салон и лица задолжени за багажот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top