| четврток, 6 декември 2018 |

Германската десница: Фудбалската репрезентација не е Германска, Озил не е лојален граѓанин

germanski fudbalПотпретседателот на партијата „Алтернатива за Германија“ Александар Гауланд којшто предизвика остри реакции по изјавата дека Германците не сакаат да живеат како соседи на фудбалерот Џером Боатенг чиј татко е од Гана, денеска со нови расно и верски мотивирани изјави.

Гауланд денеска изјави дека националиот фудбалски тим веќе не е германски во класична смисла, а во исто време запраша дали фудбалерот Месут Озил кој што има турско потекло и е муслиман според вероисповест е лојален на германскиот устав.

За весникот „Шпигел“ Гауланд објаснува дека професионалниот фудбал веќе не е прашање на националниот идентитет туку само „прашање на пари“.

„Германскиот или Англискиот националтен тим не се веќе англиски или германски во класична смисла“ вели Гауланд во интервјуто што ќе биде објавено утре. Според него фактот што многу репрезентативци се родени во странство не е доказ дека Германија е имигрантско општество. „Без разлика што најголем дел од Германците се радуваат на фудбалот тој мултикултурализам им е туѓ“ вели Гауланд.

Радикалниот десничар, чија партија со својата антиисламска и антиимигрантска политика стана трета најпопуларна партија во земјата, вели дека е тешко човек да се навикне на патувањето на фудбалерот Месут Озил во Мека. Тој лично може да го прифати аџилакот на фудбалерот, но во име на државните претставници, наставници, политичари и оние што носат одлуки прашува: „Дали германската демократија е вистинско место за некој којшто бил на аџилак во Мека и дали неговата лојалност е кон германскиот устав или кон исламот кој што во суштина е политички ислам“.

Острата дебата за фудбалерите со странско потекло кои што играат за репрезентацијата на Герамнија започна пред десетина дена кога членови на антиисламската организација ПЕГИДА преку социјалните мрежи протестирaa против сликите на реклама за чоколадото „Киндер“ на кои што беа прикажани фотографии од неколку фудбалски репрезентативци со темна боја на кожата од времето кога биле деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top