| четврток, 6 декември 2018 |

Најдобрите македонски фудбалери надиграни и поразени од Иран

Македонската А-национална фудбалска селекција е поразена и надиграна од соодветната репрезентација на Иран со 1-3 во пријателскиот меч кој се одигра попладнево на арената „Филип Втори“ во Скопје.

Гостите од Иран ги предводеше Сардар Азмоун кој постигна хет-трик, стрелајќи прецизно во 8., 20. и 60. минута од наптреварот.

Единствениот гол за македонските фудбалери ги постигна Александар Трајковски во 10. минута од натпреварот, кога го израмни резултатот на 1-1.

Во 20-тата минута одново на сцена стапи Азмоун, па со својот втор гол одново и донесе предност на селекцијата на Иран, резултат со кој заврши првиот дел.

Во второто полувреме уште еднаш Азмоун ја затресе мрежата на нашата селекција и тоа во 60-та минута, поставувајќи го и конечниот резултат на овој меч Македонија – Иран 1-3.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top