Со доаѓањето на Лино Червар за селектор на машката сениорска репрезентација на Македонија, почна и акцијата на проширување на стручниот штаб кој ќе работи со ракометарите. Новото засилување во тимот на Червар е поранешнот ракометар на Металург и Вардар, Мартин Клинчаров. Тој ќе ја има улогата на технички координатор во репрезентацијата.
Во поширокиот стручен штаб на репрезентацијата се уште и Илија Темелковски, Милчо Чакарески, Кристијан Кајчевски и Иле Соколски. Можно е во иднина истот да биде дополнет и со други луѓе кои би требало да помогнат за подобра подготовка на репрезентацијата.
На првиот собир на сениорите со што почнуваат подготовките за баражот со Чешка за СП 2017 година, денеска недостигаа само Кирил Лазаров, Наумче Мојсовски, Немања Прибак, Никола Митревски, Дарко Димитриевски, Ацо Јоноски, Велко Маркоски, Филип Миркуловски и Борко Ристовски.
Првиот меч со Чешка го играме на 11 јуни во Злин, а реваншот е на 15 јуни во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.