
Гоце Георгиевски заврши со клупските обврски во Тулуз, па се појави од првиот ден на подготовки на националниот тим пред СП 2017 во Франција. Десното крило е свесно за големината на предизвикот – одржување на континуитетот од големи натпреварувања по неуспехот во предолимпискиот турнир во Гдањск.
– Ова е нов почеток, ќе треба да го оставиме неуспехот од Гдањск зад нас и да се насочиме кон иднината. Како што веќе најавивме, ќе дојде до подмладување во националниот тим, а желбата на сите нас е и со подмладени сили да го одржиме континуитетот од настапи на европските и на светските шампионати. Чешка е наш добар познаник, често играме со оваа репрезентација и знаеме што да очекуваме. Секако дека нема да биде лесно, но подготвени сме да одговориме на предизвикот. Имаме нов селектор кој сигурно ќе се обиде да остави свој печат врз играта на националниот тим. Очекувам позитивни работи – истакна Гоце Георгиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


