Македонската фудбалска репрезентација напредуваше за две позиции на најновата ФИФА ранг листа, сега на 139. место, останувајќи и натаму далеку зад најдобрите 100 селекции во светот.
Македонија сега има 250 бода на листата, доволни за 139-та позиција. Од репрезентациите кои се во нашата квалификациска група за пласман на СП 2018, Шпанија е на шесттото место, Италија напредуваше за три места, па сега е на 12-та позиција. Албанија е на 42. место, а Израел е на 71. место. Единствено зад нас е Лихтештајн на 168. место.
На врвот нема промени, Аргентина е на водечката позиција пред Белгија. Колумбија напредуваше за една позиција, па сега е трета, а на четвртото место е Германија, пред Чиле, Шпанија, Бразил, Португалија и Уругвај. Австрија, напредувајќи за едно место, сега е во Топ 10, пред Англија која е на 11. место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.