Во петок, 3 јуни, во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, ќе биде отворена Ретроспективна изложба на ликовните уметници, татко и син Мирослав Мишо Вељковиќ и Урош Вељковиќ, по повод 45 години ликовно творештво на Мишо и 15 години ликовно творештво на Урош.
Ова е еден од ликовните настани кои ќе ја одбележат 2016 година во Кавадарци.
Мирослав Мишо Вељковиќ е роден 1953 година. Завршил Училиште за применета уметност, а потоа и Педагошка академија во класата на проф. Ристо Калчевски. Работел како дизајнер во “Алкалоид“ и А.Д. “Комуна“. Член е на ДЛУМ од 1986 година. Има одржано повеќе самостојни изложби како и учество на десетици групни изложби во Македонија и странство, а учествувал на повеќе ликовни колонии низ Балаканот.
Урош Вељковиќ е роден 1981 година. Завршил средно уметничко училиште “Лазар Личеноски“ Скопје отсек графика во класата на проф. Ѓорѓи Чулаковски Ѓото. Факултет за ликовни уметност Скопје отсек графика со графички техники и графички дизајн, завршил во класата на проф. Костадин Танчев Динка. Одржал повеќе самостојни изложби, а учествувал на групни изложби низ целиот свет., како и на неколку балкански ликовни колонии. Во 2010 добитник е на годишната награда “Петар Мазев“ за сликарство на Годишна изложба на ДЛУМ. Работи како дизајнер во студио за дизајн, печат и издаваштво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.