| четврток, 6 декември 2018 |

Недела на бесплатен театар во Прилеп

Од денеска (четврток) до недела ќе бидат бесплатно прикажани четири претстави.

Во пресрет на новото 51. издание на Македонскиот театарски фестивал  „Војдан Чернодрински“, а со цел да се подгрее атмосферата за театар кај публиката, театарот „Војдан Чернодрински“ ја организира веќе традиционалната манифестација Недела на бесплатен театар.

Денеска, 2 јуни, ќе биде прикажана претставата „Обѕрни се во гнев“ во режија на Кристина Димитрова, за студентите, в петок е „Ајнштајновите сништа“ во режија на Слободан Унковски, в сабота трагикомедијата „ „Хамлет од Горно Дупени“ во режија на Кирил Петрески и во недела претставата за деца „Како се станува цар“.

Заинтересираните љубители на теааарот бесплатните влезници ќе можат да ги подигнуваат два часа пред почеток на претставите од билетарницата на театарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top