| четврток, 6 декември 2018 |

Книга за велигденско јајце

По повод христијанскиот празник Велигден, во Домот на културата „Илинден“ во истоимената општина в четврток ќе се одржи манифестацијата ,,Подарете книга за велигденско јајце – симбол на Христовото Воскресение“. Настанот ќе се одржува од 9 до 14 часот.

– Манифестацијата се одржува седми пат и е оригинална и единствена, а ги обединува образованието, културата, уметноста, традицијата и религијата – велат од Општината.

Во Домот на културата ќе бидат изложени 2.013 украсени велигденски јајца во знак на две илјади и тринаесеттото лето Господово, од кои ќе му се подари едно на секој посетител што ќе подари книга. Тие, пак, се наменети за првата општинска библиотека „Илинден“, со што библиотечниот фонд ќе се збогати со нови содржини кои ќе ги надградуваат знаењата на студентите и на учениците во оваа општина.

Во изминатите шест години, благодарение на оваа манифестација, се собрани над 18.000 книги. Тие се дел од библиотеките во основните училишта „Гоце Делчев“, „Ристо Kрле“ и „Браќа Миладиновци“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top