Алекс Дуjшебаев ќе го напушти Вардар следната сезона и веќе се договорил со новиот европски владетел Киелце, објави претседателот на клубот Бертус Сервас.
Младиот Дујшебаев изминативе три години го носеше дресот на Вардар, а за „црвено-црниот“ состав ќе одигра уште една сезона кога му истекува договорот и потоа ќе приклучи на својот татко Талант, кој е тренер на полски Кјелце.
Шпанскиот интернационалец минатата сезона за Вардар постигна 61 гол во Лигата на шампиони. Заминувањето на Дујшебаев најавува голема реконструкција во тимот на нашиот шампион со оглед на фактот дека веќе си заминаа Дејан Манасков, Сергеј Горбок, Алем Тоскиќ и Матјаж Брумен.
Интервјуто на претседателот Бертус Сервас кој го најавува трансферот на Алекс во Кјелце може да го погледнете ОВДЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.