| четврток, 6 декември 2018 |

За младиот Рашфорд има место во репрезентацијата на Англија за ЕП

rashford

Англискиот селектор Рој Хоџсон го објави списокот од 23 фудбалери на чии услуги ќе смета на претстојниот европски шампионат во Франција, меѓу нив се најде место и за Маркус Рашфорд. Младиот голгетер на Манчестер јунајтед беше едно од откровенијата на сезоната, а откако имаше и деби со гол во националниот тим Хоџсон реши да му даде шанса и за ЕВРО 2016.

Во конечниот список на Хоџсон се најде и Даниел Стариџ, кој поради повреда ги пропушти претходните две контролни средби, но на последните тренинзи работеше со полна пареа и покажа дека ќе биде „фит“ за стартот на европскиот шампионат. Од поширокиот список што претходно го објави Хоџсон ги нема Енди Таунсенд, Дени Дринквотер и Фабијан Делф.

„Гордиот албион“ в четврток го игра последниот пријателски натпревар, на „Вембли“ против Португалија, пред заминувањето за Франција, каде во својот прв натпревар Англија на 11 јуни во Марсеј ќе се сретне со Русија.

anglija

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top