Стопирање, кочење и уништување на веќе изграденото е насочена целокупната енергија на СДСМ во политиката. СДСМ секогаш кога доаѓа на власт ги стопира проектите на претходниците, и оние малку кои ќе ги отпочне не ги завршува, а ВМРО-ДПМНЕ е насочена кон исполнување на својата програма и продолжување на претходно започнатото.
Последен пример беше болницата во Струмица, која беше започната со градба до пред 2002 година и по доаѓањето на власт на СДСМ беше целосно стопирана. Сега таа болница активно се гради и се вложуваат над 7 милиони евра во инфраструктура и опрема.
Ист таков случај беше и со индустриските зони. Зоната Бунарџик по нејзиното отворање во периодот на СДСМ стоеше празен простор без ниту една инвестиција. По доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт таа е преполна со инвестиции и фабрики.
Воедно и спортските сали кои беа започнати до 2002 година, СДСМ не изгради ниту една. Од друга страна малиот број на работи кои ги започна СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ по доаѓањето на власт експресно ги заврши. Таков беше примерот со гинеколошката болница во Скопје која ја заврши ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ иако само отпочна со изградбата на пругата кон бугарија и веднаш потоа ја стопира, ВМРО-ДПМНЕ го рестартираше проектот и сега активно се гради. Истовремено таков е и случајот со скопската обиколница, која во најголем дел ја заврши владата на ВМРО-ДПМНЕ.
-Пракса е на СДСМ кога ќе дојде на власт тоа што го започнале ВМРО-ДПМНЕ да го замрзнат, да не продолжи да се гради затоа што ВМРО-ДПМНЕ го почнале. Не е важно дали е болица, пат, спортска сала, индустриска зона застанува. На пример да се случи ние да изгубиме на изори се што се гради сега во земјава ќе застане и што е најтрагично не почнаа ништо ново да градат. Нас тоа не ни се случило. Ние се што сме нашле, иако немаше многу, започнато се продолжи и се завршиме. На пример обиколницата околу Скопје 15,20 проценти беше завршена. Ние сме горди што 80,85 проценти завршивме и не се срамиме од тоа дека некој друг ја почнал, а ние најголемиот дел го завршивме. Јас кога бев министер за финансии одвоивме од средствата од Тајванците тогаш, тие кажаа за што сакате, а ние рековме за нова гинекологија и таму ги насочија. Се почна зградата се направи карабина, изгувме избори 2002 стоп, па се чекаше 2006 за да се продолжи. Многу чудна филозофија е тоа, наместо да гледаат што е добро за народот, тие гледат кој почнал, кој застанал. Железницата кон Бугарија ја почнаа и застанаа, па сега ние ја продолжуваме, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Ваквиот принцип на работа на СДСМ се докажа и во неколку месечниот период кога партијата имаше раководен кадар во МВР и во труд и социјална политика, па така Спасовски не даваше решенија на птомците кои го завршија успешно подготвителниот период, Ременска кочеше изградба на градинки и социјални станови, а ниту еден друг проект не започнаа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.