| четврток, 6 декември 2018 |

Кам-бек на Фердинанд во Манчестер јунајтед, но сега со поинаква улога

murinjo i ferdinand

Легендарниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед и англиската фудбалска репрезентација Рио Фердинанд би можел да се врати во својот поранешен клуб, но сега во поинаква улога.

Новиот менаџер Жозе Мурињо има практика во своите клубови како помошници да ангажира луѓе кои се поврзани со нив, па за во Јунајтед го избрал Рио Фердинанд. Како што објави Би-Би-Си, двајцата веќе контактирале, а, неофицијално, Фердинанд ќе ја прифати понудата бидејќи планира да почне тренерска кариера.

Тој беше член на Манчестер Јунајтед во периодот од 2002 до 2014 година, одигра 455 натпревари и освои шест титули во Премиер лигата, една во Лигата на шампионите, три во Лига купот на Англија, шест во Супер купот и едно Светско клупско првенство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top