Духот на починатиот Мајкл Џексон ја прогонува сестра му Ла Тоја. Или барем таа така тврди. Кога Мајкл Џексон почина, неговата сестра наводно украла непозната сума пари од сефот на нејзиниот брат, а нејзиното тогашно момче запленил едно комбе. Можеби заради тоа Ла Тоја тврди дека нејзиниот брат има незавршена работа со неа и дека го чувстува нејзиното присуство во вилата „Енико“ во која израснале.

– Не го гледам, ама го чувстувам неговото присуство. Тој пее, игра и се движи низ куќата – изјави Ла Тоја.
И телохранителот на нејзината мајка имал чудни доживувања во врска со Мајкл Џексон.
– Тој ми откри дека секоја ноќ, во одредено време песот лае, гледајќи кон собата која некогаш беше на Мајкл. Тој ги слушал и препознатливите чекори на Мајкл – вознемирено изјавила Ла Тоја.
Поради ова, таа ангажирала и видовит човек, со цел тој да стапи во контакт со Мајкл и да ја открие причината зошто не може да ги остави на мира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


