| четврток, 6 декември 2018 |

Проекција на краткометражниот филм „Мрачни часови: Ноар приказна“ во Кинотека на Македонија

В понеделник во Кинотека ќе се прикажува студентскиот, краткометражен филм „Мрачни часови: Ноар приказна“ по сценарио и режија на Трифун Ситниковски, со Александар Микиќ и Александра Стојкова во главните улоги.

Оваа приказна направена во стилот на класичните noir филмови се работи за еден груб и циничен детектив кој откако негов пријател умира во неговата канцеларија и му остава еден џебен часовник со 13 бројки, ја започнува истрагата од неговиот живот. Надежен да најде одговори, детективот почнува да следи една таинствена жена која е поврзана со убиениот човек и мистеријата на џебниот часовник.

Пред проекцијата на овој филм ќе се прикаже и 4-минутниот краток хорор- филм, исто така, во режија на Трифун Ситниковски, насловен како „Повик во ноќта“.

Влезот е бесплатен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top