| четврток, 6 декември 2018 |

Заев: „Фрлав боја, бидејќи не сакаат да ме судат за Глобал“

zaev naslovna pravda boja

Зоран Заев, кој синоќа го предводеше нападот на шарената/платеничка револуција врз Министерството за правда, ги соопшти своите мотиви зад фрлањето со балони со боја.

Според Заев, причината за неговиот револт и конечно застанување на чело на вандалските протести е што му дошло преку глава да чека да го осудат за случајот „Глобал“.

„Уште кога ме аболицираше господинот претседател Бранко, мене ми беше многу неубаво. И сакав тогаш да му кажам да ја повлече аболицијата, но граѓаните тогаш не протестираа за да се укине аболицијата, па си реков сигурно граѓаните знаат како треба. Ама сега каа протестираат граѓаните за укинување на аболиција, па си велам дека сигурно знаат како треба и затова сакам да ми се укине аболицијата и да ме вратат во притвор за да одговарам за криминало од 8 миљони евра за Глобал и да идам во затвор“, изјави Заев и додаде:

„Затоа денес фрлам од овие балончина со боја по објекто на Министерството за правда, бидејќи ако има правда, јас ќе сум во затвор. А они не ме затварат. Епа НЕМА ПРАВДА НЕМА МИР“, категоричен е Заев.

Вчера со боја по министерството фрлаа и Радмила Шеќеринска која е незадоволна затоа што нејзиниот сопруг е на слобода иако затајувал данок, Петре Шилегов кој пак протестира затоа што не е отворена истрага за потеклото на парите со кои неговата сопруга купила станови од 160.000 евра. Балони со боја врз правда фрлаше и Фијат Цаноски за кој е незамисливо судот да не покрене постапка за рушење на неколкуте катови од ФОН кои, како што призна самиот Цаноски, ден денес не се легализирани.

Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Кромиди Запад

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top