| четврток, 6 декември 2018 |

Без причина претепано 19-годишно момче во Тетово

tetovo

Пет или шест непознати нападнале 19-годишник во Тетово.

МВр јави дека денес нешто по полноќ во Тетово на улица ЈНА,  Н.С.(19) од Тетово, бил нападнат од страна на пет – шест непознати лица.

Додека се движел на наведеното место, одзади бил фатен од едно лице во пределот на вратот и соборен на земја, а останатите започнале да го удираат по главата и телото, по што избегале. Оштетениот побарал лекарска помош во Клиничка болница Тетово, каде покрај повредите во вид на отоци и црвенило, констатирана му е расекотина на десното рамо нанесена од остар предмет. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top