Пет или шест непознати нападнале 19-годишник во Тетово.
МВр јави дека денес нешто по полноќ во Тетово на улица ЈНА, Н.С.(19) од Тетово, бил нападнат од страна на пет – шест непознати лица.
Додека се движел на наведеното место, одзади бил фатен од едно лице во пределот на вратот и соборен на земја, а останатите започнале да го удираат по главата и телото, по што избегале. Оштетениот побарал лекарска помош во Клиничка болница Тетово, каде покрај повредите во вид на отоци и црвенило, констатирана му е расекотина на десното рамо нанесена од остар предмет. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Обид за убиство во Тетово
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките
-
Пред сендвичарница во Тетово го прободел со нож: Момчето е итно пренесено во Скопје
-
Зошто некој сакаше успешна акција на специјалците во МВР да остане незабележана?