| четврток, 6 декември 2018 |

Лино Червар со проверени сили ќе ја напаѓа Чешка, отпадна само Даниел Дупјачанец

makedonska reprezentacija rakomet

Новиот селектор на Македонската ракометна репрезентација, Лино Червар, го објави поширокиот список на репрезентативци на кои смета за подготовките за бараж-дуелите за пласман на Светското првенство во Франција, против репрезентацијата на Чешка.

Искусниот хрватски стратег, како што најави, со проверени сили ќе се обиде со македонската репрезентација да го продолжи континуитетот на настапи на големите натпреварувања, а на списокот единствено недостига голманот Даниел Дупјачанец. Освен Томовски, нови имиња се и Борче Соколов, кој игра во одлична форма во плејоф-фазата, потоа Ивица Лазаревски од Борец, кој исто така настапува на бековската позиција, како и десното крило на Радовиш, Бобан Блажевски, и двајцата по 25 години.

Список на репрезентативци:

1. Борко Ристовски
2. Мартин Томовски
3. Никола Митревски
4. Златко Даскаловски
5. Дејан Манасков
6. Гоце Ојлески
7. Гоце Георгиевски
8. Ивица Лазаревски
9. Борче Соколов
10. Костески Никола
11. Стојанче Стоилов
12. Жарко Пешевски
13. Никола Маркоски
14. Филип Лазаров
15. Аце Јоновски
16. Филип Миркуловски
17. Наумче Мојсовски
18. Мартин Манасков
19. Бобан Блажевски
20. Немања Прибак
21. Кирил Лазаров
22. Влатко Митков
23. Филип Талески
24. Филип Кузмановски
25. Дрогришки Стефан
26. Велко Марковски
27. Дарко Димитриевски
28. Милорад Кукоски

Баражот со Чешка се игра на 11 јуни во Злин и на 15 во Скопје, а победникот се пласира на Светското првенство во Франција, кое ќе се одржи во јануари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top