| четврток, 6 декември 2018 |

Еве зошто треба секој ден да пиете топла вода со лимон и со ѓумбир

limon i gjumbir

Пробајте го овој вкусен топол пијалак од ѓумбир, кој ќе ви помогне да им се спротивставите на врнежливите денови.

За што сѐ е добар чајот од ѓумбир?

  • Ги зајакнува телото и имунитетот
  • Го забрзува заздравувањето кога сте болни
  • Ги смирува мачнината и немирот во желудникот
  • Благопријатно дејствува на нервниот систем
  • Ја поттикнува работата на цревата и ја смирува надуеноста
  • Ја поттикнува циркулацијата
  • Ќе ве стопли подобро од кое било ќебенце.

Состојки

  • Парче свеж ѓумбир
  • 1 литар вода
  • неколку лажици мед
  • 1 лимон

Начин на подготовка

Излупете го коренот на ѓумбир и исечкајте го на тенки кришки. Ставете го ѓумбирот во сад за варење и прелијте го со вода, а потоа оставете го овој ароматичен корен да се вари на умерена температура барем 15-20 минути. Потоа тргнете го од оган и оставете го да отстои барем 5 минути. Исцедете го ѓумбирот од течноста, а потоа засладете со мед по желба и додадете лимон по желба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top