Пробајте го овој вкусен топол пијалак од ѓумбир, кој ќе ви помогне да им се спротивставите на врнежливите денови.
За што сѐ е добар чајот од ѓумбир?
- Ги зајакнува телото и имунитетот
- Го забрзува заздравувањето кога сте болни
- Ги смирува мачнината и немирот во желудникот
- Благопријатно дејствува на нервниот систем
- Ја поттикнува работата на цревата и ја смирува надуеноста
- Ја поттикнува циркулацијата
- Ќе ве стопли подобро од кое било ќебенце.
Состојки
- Парче свеж ѓумбир
- 1 литар вода
- неколку лажици мед
- 1 лимон
Начин на подготовка
Излупете го коренот на ѓумбир и исечкајте го на тенки кришки. Ставете го ѓумбирот во сад за варење и прелијте го со вода, а потоа оставете го овој ароматичен корен да се вари на умерена температура барем 15-20 минути. Потоа тргнете го од оган и оставете го да отстои барем 5 минути. Исцедете го ѓумбирот од течноста, а потоа засладете со мед по желба и додадете лимон по желба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.