| четврток, 6 декември 2018 |

Гранит Џака и официјално го комплетираше договорот со Арсенал

granit dzaka

Гранит Џака и дефинитивно е првото големо засилување на Арсенал за следната сезона откако „топчиите“ конечно го официјализираа доаѓањето на швајцарскиот репрезентативец на „Емирати“. Преговорите за реализација на овој трансфер се интензивираа во последните десетина дена, а „топчиите“ по првичната одбиена понуда од 30 милиони евра, на крајот се согласија да и платат 45 милиони на Борисија Менхенгладбах само за да го доведат овој одличен играч за врска во своите редови.

– Горд сум што потпишувам договор со Арсенал. Едвај чекам да се преселам во Лондон и да го претставувам клубот што ќе игра во Лигата на шампионите, но исто така и ќе атакува на пехари. Ќе сторам се за да помогнам да освојуваме пехари и да ги направиме навивачите среќни и задоволни – изјави Џака за официјалната веб-страница на Арсенал.

Арсен Венгер планира да потроши над 100 милиони евра на засилувања во овој преоден рок, а доведувањето на Џака е јасен знак за амбициозноста на францускиот стратег, кој предолго време е без премиерлигашки трофеј. За очекување е сега Венгер вниманието да го насочи кон доведувањето на нов голгетер, при што менаџерот на Арсенал има двајца врвни фудбалери на својата листа со желби, Гонзало Игуаин и Алваро Мората.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top