Заев реално добро знае во каква каша ја доведе и земјата и себеси. Се надева на тоа дека тој што го донесе дотука и ќе го извлече. Тој знае дека не само што не сме готови, туку ако излезеше на избори сега, тој ќе беше готов како политичар. Ќе ја завршеше политичката кариера.
Тоа едвај го чекаат многумина во СДСМ кои имаат подобра политичка процена, дека со него на чело, освен правење штета, не може да се дојде на власт, ги коментира Груевски настапите на Заев, на кои зборува дека Груевски и владата на чело со ВМРО-ДПМНЕ е готова, дека се подготвуваат за паѓање од власт, дека СДСМ доаѓа на власт, дека власта е исплашена и дека сѐ што кажал досега, така излегло на крај.
Сега, со одлагање на изборите малку му олесна. Купи малку време за правење нови пакости и манипулации, вели Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.