Неисправни воздушни перничиња на јапонскиот производител Такате предизвикаа уште едно масовно повлекување на автомобили на американскиот пазар.
Тојота ќе ги повика сопствениците на скоро 1,6 милиони возила во САД на вонреден сервис на перничето за совозачот.
-Одлуката е донесена врз оснва на неодамнешните информации од Такате и од американската национална агенција за безбедност во сообраќајот- соопшти Тојота.
Во мај американските регулаторни органи и наложија на Такате да испита 35 до 40 милиони воздушни перничиња вградени во возилата во САДи заради можна фабричка грешка што може да доведе до повредување на патникот при активирање. Заради ова, во САД се повлечени околу 29 милиони возила, а во светот околу 50 милиони автомобили.
До сега во сообраќајни несреќи заради неисправни воздушни перничиња животот го загубиле најмалку 11 лица додека над 100 се повредени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Уште една европска метропола ги забранува старите автомобили
-
Неверојатни сцени: Поплава ги однесе сите џипови од салонот за автомобили, штетата е милионска
-
Фирмата „Деклус-ауто“-донатор на СДСМ повторно доби тендер за возила
-
Џенерал Моторс ќе користи 3-Д печатачи за производство на автомобилски делови