| четврток, 6 декември 2018 |

Тојота повлекува 1,6 милиони возила од САД

vazdusno perniceНеисправни воздушни перничиња на јапонскиот производител Такате предизвикаа уште едно масовно повлекување на автомобили на американскиот пазар.

Тојота ќе ги повика сопствениците на скоро 1,6 милиони возила во САД на вонреден сервис на перничето за совозачот.

-Одлуката е донесена врз оснва на неодамнешните информации од Такате и од американската национална агенција за безбедност во сообраќајот- соопшти Тојота.

Во мај американските регулаторни органи и наложија на Такате да испита 35 до 40 милиони воздушни перничиња вградени во возилата во САДи заради можна фабричка грешка што може да доведе до повредување на патникот при активирање. Заради ова, во САД се повлечени околу 29 милиони возила, а во светот околу 50 милиони автомобили.

До сега во сообраќајни несреќи заради неисправни воздушни перничиња животот го загубиле најмалку 11 лица додека над 100 се повредени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top