Американскиот автомобилски гигант Џенерал Моторс најави дека ќе почне да употребува тродимензионални принтери за производство на некои од деловите на автомобилите.
Целта на проектот, кој Џенерал Моторс го развива заедно со компанијата Аутодеск, е да се намали тежината на автомобилите, за нивно полесно префрлање на електричен погон. Компанијата претстави еден дел од седиште на автомобил, за чие производство сега се потребни осум под-делови и неколку снабдувачи, а вкој во иднна ќе може да се отпечати во еден дел, со помош на 3-Д принтер, а благодарение на модерните материјали за печатење, делот е значително полесен и поцврст. Компанијата се надева дека во следните пет години, неколку илјади автомобилски делови кои сега ги вградува во своите возила ќе може да се произведуваат со 3-Д печатачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.