По заканата од новиот градоначалник на Центар, Андреј Жерновски, за запирање на проектот Скопје 201, градежните компании се огласија со најава за тужби. Сметаат дека со тој проект државата го спасила цел градежен сектор од колапс во време на економска криза.
-Проектот донесе бенефит за градежната индустрија и отвори работни места за голем број градежници, смета компанијата Бетон.
По блокирањето на изградбата на објектите за кои веќе има издадена дозвола, инвеститорите ќе поднесат тужби, но тие сепак нема да го тужат Жерновски, туку општина Центар.
Владата за проектот објави дека чини малку повеќе од 200 милиони евра, додека опозицијата тврди за над половина милијарда потрошени евра.
Жерновски најави целосна ревизија и можно стопирање на дел од градбите, доколку прописите го дозволуваат тоа, што владејачката партија го смета за самоволие на градоначалникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пандов: На избирачко место им ги снимавте личните карти и ги објавувавте или тие се од Пустец и не се луѓе?
-
Пожар во центарот на Скопје (фото)
-
Жерновски: Чудна правда, Тасевски стана директор на БЈБ на денот кога им се суди на обвинетите од 27 април
-
Андреј Жерновски влезе во Владата: Ова се новите заменици-министри!


